Бразилскиот репрезентативец Нејмар остана без шанса да се закити со трофејот на Мундијалот во Катар, но по финалето испрати честитка до неговиот соиграч од ПСЖ, Лионел Меси.
Нејмар напиша кратка порака на неговиот профил на Инстаграм и објави фотографија од Меси и „божицата“.
„Честитки брате“, напиша Нејмар.