Германскиот играч за врска Тони Крос беше многу разочаран од прашањето кое му го поставил еден од неговите сонародници.
Откако Реал Мадрид го освои 14. трофеј во Лигата на шампионите, новинарите набрзо сакаа да ги добијат впечатоците од фудбалерите, особено од победничкиот тим.
Така новинарот на ЗДФ му пријде на Крос и едноставно му ги „влече нервите“ на искусниот играч за врска. Имено, тој еднаш го праша Крос дали е изненаден колку е добар Ливерпул и како успеал да го задуши Реал.
„Не е важно, победивме“, одговорил Крос, а откако новинарот му го поставил истото прашање, изгубил контрола и набрзо го напуштил интервјуто.
Секако, воопшто не е вкусно да се поставуваат вакви прашања на човек кој штотуку ја освои Лигата на шампионите по петти пат.
https://twitter.com/hoffelini/status/1530667121008553984?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1530667121008553984%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fsportm.mk%2Ftoni-kros-vo-rasprava-so-germanski-novinar-imavte-90-minuti-i-potoa-mi-postavuvate-takvo-prashane%2FДа потсетиме, Реал беше добар дел од натпреварот во подредена позиција, Ливерпул постојано напаѓаше и создаваше шанси, но тоа и онака сега никој не го интересира.
Мадриѓаните ќе бараат нов трофеј на 10 август, кога во натпреварот од Суперкупот на Европа ќе ги одмерат силите со победникот во Европската лига, тимот на Ајнтрахт од Франкфурт.