Брајтон го демолира Челзи со 4-1 во 12.коло во Премиерлигата што беше прв пораз за новиот менаџер Греем Потер на десеттиот натпревар на клупата.
Потер немаше среќен кам-бек на стадионот „Амекс“, каде беше менаџер до септември, бидејќи неговиот наследник Роберто де Зерби конечно ја запиша првата победа.
Леандро Тросар ја најави победата на „галебите“, а после тоа Рубен Лофтус-Чик и Тревор Чалоба си постигнаа два автогола за огромни 3-0 на полувремето. Каи Хаверц малку ја врати надежта кај гостите во 48.минута, но Паскал Грос во судиското продолжение само ја запечати победата за конечни 4-1.
Тотенхем дојде до триумф од 3-2 на гостувањето кај Борнмут и тоа со пресврт, откако по првото полувреме имаше негатива од два гола. Родриго Бентанкур го постигна победничкиот гол за Спарс во судиското продолжение.
Њукасл со 4-0 ја декласираше Астон Вила, Кристал Палас со 1-0 беше подобар од Саутемптон, додека Брентфорд и Вулверхемптон ремизираа 1-1.