Во вистински спектакл во Дортмунд, Борусија го совлада Аугсбург во меч со седум гола. Поранешниот германски првак Борусија Дортмунд ја отвори втората полусезона во Бундеслига со победа во спектакуларен меч со Аугсбург, кој трипати успеа да израмни, но не и да спаси бод (4-3), за деветта сезонска победа на „милионерите“.
Џовани Реина е џокерот кој на 12 минути пред крајот ја обезбеди победата, само минута откако Аугсбург преку Хрватот, Давид Чолина израмни. Дортмунд со оваа победа дојде до 28 бода на шестото место, само два бода помалку од вториот Анјтрахт Франкфурт, а седум зад првакот и лидер Баерн Минхен.
Џад Белингем донесе водство, па Арне Мајер израмни во 40-та, Нико Шлотербек по две минути донесе второ водство за Борусија во 42-та, па Босанецот Ермедин Демировиќ во 45+1 вторпат израмни.
Во завршните 15 минути, повторно бурен период од три минути со три гола. Џејми Бено-Гитенс донесе трето водство за Борусија во 75-та, па Чолина израмни две минути потоа, а 60-секунди по тој гол, Реина четврти пат погоди во мрежата за конечна победа.
За Аугсбург ова беше деветти пораз сезонава и остана на 15-те бода, со исто бодовно салдо како Штутгарт, кој е трет одзади, а бод пред претпоследната Херта. Последен е Шалке со само девет бода.