Пике се повлече од националниот тим по шокантната елиминација на Шпанија на Светското првенство во Русија од домашната селекција, а неодамна и самиот најави можност да се врати доколку биде потребно.

Селекторот на Шпанија одлично ги познава квалитетите на Пике, а стоперот под палката на Чави во Барселона игра во неверојатно добра форма, можеби како и во најдобрите денови кога тренер беше Луис Енрике.

Пике ќе биде огромно засилување за Шпанија која ќе атакува на титулата светски првак. Покрај него, Шпанија ги има и Лапорт, Ерик Гарсија, Пау Торес, па Енрике ќе има вистински бедем пред голот.

Пред да се пензионира, Жерар Пике ги освои најважните трофеи со Шпанија, Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2012 година.