Фудбалската репрезентација на Македонија се наоѓа на 62.место на најновото издание на ранг листата на ФИФА. Тоа е скок од пет места за избраниците на Благоја Милевски во однос на минатото рангирање.
Овој скок секако е поради триумфот над европскиот првак Италија (0-1) во Палермо, во баражот за Светското првенство во Катар.
Бразил е најдобро рангирана светска селекција, го презеде врвот од Белгија, а на третото место се наоѓа репрезентацијата на Франција.
Во првата „десетка“ се и Аргентина, Англија, Италија, Шпанија, Португалија, Мексико и Холандија.