Барселона го посакува португалскиот напаѓач Гонзало Гуедеш како замена за холанѓанецот Мемфис Депај, кој заминува во Атлетико Мадрид, пишува „Ас“.
Тој би требало да дојде на шестмесечна позајмица поради рестрикциите на Барселона за финансискиот фер-плеј, додека зделката би вклучувала и опција за купување по завршување на сезоната.
Тоа е најдоброто можно сценарио во моментов за Барса со оглед дека Гуедеш треба да донесе квалитет на левата страна. Има брзина, одличен шут и претходно играчко искуство во Шпанија каде ги бранеше боите на Валенсија пред да се пресели во Пари Сен Жермен.