Во денешниот распоред од третото коло од ФА Купот на Англија, победи меѓу другите остварија Ливерпул, Тотенхем, Вулверхемптон и Вест Хем.

Ливерпул стигна до пресврт против третолигашот Шревсбери на „Енфилд“ и на крајот победи со 3-1.

Гостите поведоа преку Даниел Џуд во 27. минута и го шокираа тимот на Клоп. Одговорот на Ливерпул набрзо стигна преку Гордон во 34. минута, а десет минути подоцна Фабињо го сврте резултатот од белата точка.

Последниот гол на натпреварот го постигна Фирмино за 3-1 во 78. минута. Ова не беше се, Фабињо го постигна последниот удар во продолжението и постигна гол за 4-1.