Пирло пристигнал во Белград пред неколку дена, а Партизан е подготвен да одвои голема сума на пари само за да го ангажира поранешниот фудбалер на Интер, Милан и Јувентус.
Италијанецот би можел да потпише соработка со плата од 1,5 милиони евра, но патот до договор е долг, па претставниците на „црно-белите“ ќе се обидат до крајот на неделата да добијат конечен одговор од Пирло.
Пирло работеше како тренер две години, од 2020 година, па беше стратег на младиот и првиот тим на Јувентус, кој го предводеше на 52 меча и ги освои Купот и Суперкупот на Италија.