Тинејџерот на Барса, Ламин Јамал е страшен фудбалски талент и тоа го докажува од меч во меч на 16-годишна возраст, а вчера беше брилијантен на стадионот кој е дом на најголемиот ривал на Барселона.
Шпанија вчера играше против Бразил на „Сантијаго Бернабеу“ и натпреварот заврши нерешено 3:3, но најголем дел од опасноста по голот на „кариоките“ доаѓаше од десната страна.
Ламин беше несопирлив за своите ривали во жолти дресови, комплетираше дури 12 успешни дриблинзи и имаше повеќе од цел тим на Бразил, но исто така изнуди и еден пенал и асиситираше на Дани Олмо при голот за 2:0.
Вонсериското издание на 16-годишниот тинејџер беше препознаено од цела шпанска публика на трибините, па сите присутни на „Сантијаго Бернабеу“ го поздравија со овации кога го напушти теренот.
Андрес Иниеста беше последниот играч на Барселона кој доби овации во домот на „кралевите“, а претходно тоа му успеа и на легендарниот Роналдињо.
https://twitter.com/i/status/1772752891196866924
https://twitter.com/i/status/1772835006714421306