Навивачите на Фенербахче ги провоцираа приврзаниците и фудбалерите на Динамо Киев, скандирајќи го името на рускиот претседател Владимир Путин, на денашната средба во Истанбул, во рамките од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Се започна откако Виталиј Бујалски постигна гол во 57. минута и лудо го прослави водството на Динамо Киев. Во таа прилика се сврте кон турските навивачи и ги испровоцира, а набрзо следеше реакција.
На „Стадионот Улкер“, на азиската страна на Истанбул, одекнуваше името на Владимир Путин, инсинуирајќи ја војната што Русија ја води со Украина.
На крајот причина повеќе за славење имаше Динамо, кој славеше по продолженијата и се пласира во третото коло (1-2).