УЕФА направи изненадувачка замена на судиите за натпреварот ЦСКА Софија – Македонија ЃП од Конференциската лига. Англискиот квартет судии објавен пред неколку недели, предводен од главниот судија Дејвид Кут, кој има 20 натпревари во Премиер – лигата, беше повлечен без конкретна наведување на причините за промената.

Наместо британски судии, во Софија пристигна судиски тим од Романија. Главен судија вечерва ќе биде 40-годишниот Марсел Бирсан со помошниците Раду Гингулиак и Мирчеа Григориу, а четврти судија е Јулијан Дима.

Првиот меч меѓу Македонија ЃП и ЦСКА Софија во Скопје заврши без голови.