Дека „црвените“ ќе го наполнат Борнмут јасно беше уште по нецели шест минути кога погодија двапати, а до крајот на првиот дел веќе стигнаа до пет гола, па во вториот додадоа уште четири. По два погодија Луис Дијаз и Роберто Фирмињо, а по еден Елиот, Александер-Арнолд, Ван Дајк, Карвалјо и Мепхам си даде автогол.
Навистина шокантно почна мечот на „Итихад“, откако Кристал Палас до полувреме имаше предност од два гола, но после еден час игра се разбудија „граѓаните“, па Халанд даде хет-трик за пресврт со голови во 62-та, 70-та и 81-та минута, а сѐ почна откако Бернардо Силва во 53-та ги врати шампионите во мечот со првиот гол за Сити.
Челзи и со десетмина го победи Лестер со 2-1 со два гола на Рахим Стерлинг во вториот дел, иако Галагер по пола час игра ги остави „сините“ на цедило.
Во другите мечеви, Брајтон со 1-0 го победи Лидс, а Брентфорд и Евертон ремизираа 1-1.