Шпанската Ла Лига и дозволи на Барселона и официјално да му достави понуда на Лионел Меси, пишуваат шпанските медиуми. Освен што доби зелено светло да му достави понуда на Меси, Барселона успеа да ги регистрира и новите договори на Роланд Араухо и Гави.
Барселона се наоѓа во незавидна финансиска ситуација, според правилата на Ла Лига, буџетот за плати не смее да биде поголем од 70 отсто од вкупниот годишен буџет на клубот, а токму тоа беше случај со каталонскиот тим.
Но, со успешните мерки на штедење како и со заминувањето на Серхио Бускетс и Жорди Алба, и пензионирањето на Жерар Пике, се намали буџетот за плати и клубот успеа да ги исполни условите на Ла Лига. За да може да го регистрира договорот, Барселона ќе треба да продаде уште некој фудбалер и најчесто се шпекулира со имињата на напаѓачите Рафиња и Ансу Фати.
Според шпанските медиуми, Меси начелно ја прифатил понудата на Барселона, да потпише двегодишен договор и да заработува 12 милиони евра по сезона, со што ќе му се исполни сонот, кариерата да ја заврши во тимот во кој помина 20 години.
Освен Барселона, голем интерес за Аргентинецот пројавува и саудискиот Ал-Хилал кој му нуди неверојатни 1,2 милијарда евра.