Ден по трансферот на Душан Влаховиќ во Јувентус, Фиорентина реагираше и донесе замена.
Новата „деветка“ на „Артемио Франки“ ќе биде Артур Кабрал, поранешниот напаѓач на швајцарски Базел.
Фиорентина го официјализираше трансферот „тежок“ 16.000.000 евра.
Кабрал оваа сезона постигна 27 гола на 31 натпревар, со осум асистенции.
Кабрал би требало да дебитира во виолетовиот дрес на 5 февруари, кога Фиорентина ќе го пречека Лацио.