Ник Киргиос и Танаси Кокикакис ја освоија титулата во двојки на Австралија Опен.
Тие во „сеавстралиското“ финале од две домашни двојки беа подобри од Метју Абден и Макс Персел со резултат 2:0 (7:5,6:4)
Тоа беше судир на двојки кои не беа носители или фаворити за победа, но натпревар во кој секако најмногу уживаше локалната публика во Мелбурн.
Во првиот сет беше доста неизвесно и без брејкови до 11. гем, кога Киргиос и Кокинакис му го одзедоа сервисот на Ебден и потоа го потврдија брејкот за водство од 1-0.
Во вториот истото го направија во 7-ми гем, повторно кога Ебден сервираше и тука практично беше решен мечот.
Потоа и двајцата успешно сервираа до крајот, особено Киргиос, кој без загубен бод сервираше за крај на мечот и со тоа ја освоија титулата шампиони.