Ѓоковиќ победи на сите свои индивидуални натпревари во овогодинешниот Дејвис куп, но не успеа да ја одведе Србија во финалето и вториот трофеј во историјата. Ѓоковиќ и колегите беа запрени во полуфиналето од Хрватска.
“Ова е крај на сезоната. Не жалам за ниту еден турнир што го одиграв по август, не жалам за ништо во мојот живот. Секогаш давам се од себе. Денес една победа не беше доволна. Сурово. Ова е сурова конкуренција. Добивме можност да ја поминеме групната фаза како најдобра второпласирана екипа, а денес загубивме” – изјави најдобриот тенисер но не одговори на прашањето на новинарите во врска со настапот на Австралиа Опен каде можат да играат само оние кои се вакцинирани против коронавирус.
Српскиот тренер ја објасни одлуката, која многумина ја критикуваат. Тој во пресрет на решавачкиот меч во двојки реши Филип Краиновиќ да игра со Ѓоковиќ, а не Никола Чаќиќ како досега.
“Ова е најтешкиот натпревар бидејќи од друга страна тоа е најдобриот пар во светот. Идејата беше да имаме двајца играчи кои враќаат одлични сервиси. За жал, Мектиќ и Павиќ беа подготвени и одиграа на највисоко ниво. Нашите шанси беа во поединечни натпревари и моравме да победиме на првиот натпревар“.