Деновиве во Дубаи се води борбата за титулата светски првак, но неизвесноста траеше само во првите пет-шест натпревари кога предизвикувачот од Русија, Јан Непомњиши, успеа да му одолее на бранителот на титулата, феноменалниот Норвежанец Магнус Карлсен.

Но, тогаш нагло опадна концентрацијата на популарната „Непо“, што Карлсен наголемо го користеше од партија до партија.

Деветтиот натпревар се играше денеска, а Карлсен го доби со црни фигури, што му донесе убедливо водство од 6:3 во победи.

„Непо“ направи голема грешка во 27. потег, по што ја напушти таблата петнаесетина минути, но при враќањето не успеа ништо да промени. Борбата траеше уште единаесет потези, кога Русинот потпиша капитулација.

https://twitter.com/i/status/1468244915872227344

Да потсетиме, ќе се одиграат најмногу 14 натпревари, но со оглед на досегашниот резултат, се чини дека оваа борба ќе заврши многу порано.

Сега се е во рацете на Карлсен, веќе никој не му дава шанса на рускиот шахист, а руските медиуми попладнево пренесуваат дека добил „непристојна понуда“.

Имено, порно актерка од Санкт Петербург се појави на социјалните мрежи со порака за „Непо“: „Јан, ако победиш, јас ќе бидам твоја кралица за една вечер“, пренесува рускиот „Спорт експрес“.

Се чини дека само уште таа верува во него .

https://twitter.com/i/status/1468255798388219911

https://twitter.com/i/status/1468257151755898885