Првата носителка на турнирот, кој почнува во вторник, Свитолина реши да се повлече и ја објасни нејзинат одлука преку соопштение.
„Мили мои, верувам дека моменталната ситуација бара јасна позиција од страна на нашите организации – АТП, ВТА и ИТФ. Ние, украинските спортисти, бараме од тие организации да ја прифатат препораката на Интернационалниот олимписки комитет за играчите од Русија и Белорусија да настапат како неутрални спортисти, без нивните бои, знамиња или химни“, соопшти Свитолина.