Руската фудбалска федерација ги осуди „дискриминаторските“ мерки, бидејќи ФИФА и УЕФА ги суспендираа руските репрезентации и клубови од сите меѓународни натпреварувања.
Во соопштението на федерацијата се вели дека „апсолутно не се согласува со одлуката на ФИФА и УЕФА да ги суспендираат руските тимови од сите меѓународни натпревари на неодредено време“.
„Оваа мерка има јасен дискриминаторски ефект врз голем број спортисти, тренери, вработени во клубови или репрезентации и што е најважно, врз милиони руски и странски навивачи“, се вели во соопштението.
Руската Федерација потврди дека „го задржува правото да ја оспори оваа одлука во согласност со меѓународното спортско право“, без да даде дополнителни детали.
ФИФА и УЕФА објавија дека Русија е исклучена од сите меѓународни натпреварувања, вклучувајќи го и Светското првенство во Катар.
https://twitter.com/rfsruofficial/status/1498364862111617032?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1498364862111617032%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.b92.net%2Fsport%2Ffudbal%2Fvesti.php%3Fyyyy%3D2022mm%3D02dd%3D28nav_id%3D2113835