Флуминенсе е најдобриот тим во Рио де Жанеиро, откако во дербито со спектакуларна победа од 4-1 над лутиот ривал Фламенго, стана шампион на првенството Кариока.

Фламенго го доби првиот натпревар со 2-0, но реваншот му припадна на Флуминенсе. Првиот гол за Флуминенсе со кој беше најавен изненадувачки убедливиот триумф, го постигна легендарниот бек на Реал Мадрид, Марсело, и тоа супер гол.