Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски со Ал Фејха ги сопреа Кристијано Роналдо и Ал-Наср и можеби им ја одзедоа титулата во Саудиска Арабија. Ал Фејха ремизираше без голови дома против фаворизираниот Ал-Наср, а Трајковски беше стартер и го одигра целиот натпревар.
Роналдо и Талиска, главните ѕвезди на Ал-Наср, потфрлија на овој дуел, а блескаше вечер имаше Владимир Стојковиќ, голманот на Ал Фејха, поранешен српски репрезентативец и голман на Партизан и на Црвена Звезда.
Ал-Наср направи голем кикс и не успеа да победи против Ал-Феиха на гостински терен. Гостите предводени од Кристијано Роналдо никако не успеаваа да го пронајдат патот до голот на голманот Стојковиќ па натпреварот заврши без голови, 0-0.
Иако фудбалерите на Ал-Наср во текот на целиот натпревар напаѓаа, сепак Роналдо вечерва го одигра еден од најслабите натпревари откако се пресели во Саудиска Арабија.
Затоа и не изненадува реакцијата на португалецот после завршувањето на натпреварот, кој имаше што да им каже на фудбалерите на Ал-Феиха, а потоа налутено ја извади капитенската лента и се упати кон соблекувалната.