Марсеј исчекори кон следната фаза со победата со 3-1 против Карабах, со два гола за три минути на Аркадиуш Милик во завршницата на првиот дел и погодок на Дмитри Паје за запечатување на триумфот во судиското надополнување на крајот, откако Кади во 85-та даде гол за Азербејџанците.
Лестер со 4-1 славеше против Рандерс и покажа дека разликата во квалитет е огромна, па дека осминафиналето нема да им избега на „лисиците“. Ндиди во 23-та, Барнс во 49-та, Дака во 55-та и Дебјури Хал во 74-та беа стрелци во триумфот на Лестер..