Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“ состави тим од единаесет играчи кои потфрлија најмногу на натпреварите од првото коло на Светското првенство во Катар.

Очекувано, во овој тим има најмногу играчи од селекциите на Германија и Аргентина, двете најголеми разочарувања на стартот на Мундијалот. Аргентинците и Германците заедно сочинуваат половина од тимот.

Најлошиот тим од првото коло:  Навас,  Аткинсон,  Ромеро,  Шлотербек, Анхел Ди Марија, Сергеј Милинковиќ-Савиќ,  Горецка, Папу Гомез,  Левандовски, Луис Суарез, Томас Милер.

Аргентина беше изненадена од Саудиска Арабија, додека со 1-2 загуби и Германија од Јапонија.