Крисијано Роналдо налутен влегува во соблекувалната, се соблекува и им вика на соиграчите: „Играме како го.на! И јас играм како го.но! Играме апсолутно ужасно и итно треба да се собереме! Тоа е факт. Ова е натпревар од Лигата на шампионите и мора да покажеме карактер!“
Единствениот кој му приоѓа и го смирува држејќи го за раменици и велејќи му дека мора да биде пример за другите е Хуан Куадрадо. Роналдо уште повеќе полудува на ова и вика: „Ова не само што им го кажувам на другите, туку и јас сум ужасен!“ Притоа Куадрадо го повишува тонот на Роналдо, а многу напнатата ситуација едвај ја смирува тренерот Андреа Пирло обраќајќи им се на двајцата: „Доста е!
Ова е сцена што протече од документарниот филм на Амазон, Јувентус “Сè или ништо”, кој внатре ја прикажува минатата сезона на Јувентус. Хистеричниот напад на Роналдо во соблекувалната се случува на полувремето од осминафиналето на Лигата на шампионите во Торино против Порто, при што гостите водат со 1:0, откако победија со 2:1 во првиот натпревар на домашен терен. Се чини дека мотивирачкото врескање на Роналдо се исплатеше бидејќи Јувентус потоа направи пресврт на 2-1 и имаше ифрач повеќе, но примија гол во продолженијата што значеше крај на сезоната за нив во ЛШ.
Роналдо беше платен од Јувентус за рекордни 112 милиони евра, но петкратниот освојувач на Лигата на шампионите за три години во Торино не успеа и таму да ја донесе европската титула.