Барселона славеше на гостувањето кај Бетис со 2-1 во рамки на 35.коло во Ла Лига и математички обезбеди пласман во Лигата на шампиони.
Возбудувањата беа во второто полувреме, а водство на Каталонците им донесе повратникот Ансу Фати, кој погоди во 76.минута само кратко откако влезе во игра. Поранешниот фудбалер на Каталонците Марк Батра израмни на 1-1 три минути подоцна. Победата на гостите од Барселона им ја обезбеди Жорди Алба во 94.минута со прекрасен волеј.
Барселона сега е втора со 69 бодови, пет повеќе од Севилја и осум од Атлетико Мадрид, кои се на третото односно четвртото место. Каталонците и официјално следната сезона ќе играат во Лигата на шампиони.