Интер го доживеа првиот пораз во Серија А оваа сезона откако на домашен терен загуби од Сасуоло со 1-2. Наполи славеше против Удинезе со 4-1, а и Лацио триумфираше 2-0 против Торино.

Интер имаше предност од 1-0 по првиот дел со голот на Дензел Думфрис во 45.минута, но Недим Бајрами во 54. и Доменико Берарди во 63.минута се погрижија за целосен пресврт и за прв пораз на „нероаѕурите“.

Наполи го победи Удинезе со 4-1, Зиелински од пенал ја отвори серијата, а Виктор Осимен во 39.минута зголеми на 2-0. Третиот гол беше дело на Квича Кварацкелија, а потоа прекрасен погодок за Удинезе постигна Лазар Самарџиќ. Сепак, само една минута подоцна гол постигна Џовани Симеоне.

Елиф Елмас на овој меч доби шанса во 83.минута.

Лацио го победи Торино со 2-0. Весино и Закањи беа стрелци на головите за „лацијалите“ во второто полувреме.