Салернитана освои три бода кои злато вредат во битката за опстанок, во заостанат меч од 19.коло во Серија А и тоа освоени на гости кај Удинезе. Решавачкиот погодок за големи три бода, за победа од 0:1, беше дело на Верди во финишот 90+3.мин. од овој натпревар. Радоста на гостите беше огромна, ако се знае дека со оваа победа и бодови нивните шанси за опстанок значително се зголемуваат.

Илија Несторовски, нашиот интернационалец во дресот на Удинезе и денес целиот меч го проследи од клупата за резерви.