Енцо Мареска го извади вториот тим за денешниот дуел, но поради големиот фонд на играчи и тој изгледа моќно. Таков и беше мечот.
Три гола беа дело на Енкунку, еднаш стрелец беше Нето, а на погодок се израдува и Жоао Феликс кој изведе совршен слободен удар, ја погоди стативата, топката го погоди голманот на Бароу во грбот и влезе во голот.
Манчестер Сити исто така настапи со фудбалери кои имаат помала минутажа, тие со 2-1 го совладаа Ватфорд.
Головите за Манчестер Сити беа дело на Доку и Нуњеш во првото полувреме.
Со 2-1 славеше и Астон Вила, тие победија на гостински терен кај Викомб. Буендија и Дуран ги дадоа головите за премиерлигашот.
Лестер дури после пенали го совлада Валсал. Натпреварот во регуларниот тек заврши нерешено.