Македонскиот фудбалски интернационалец Љупчо Дориев постигна гол за Согдиана во првенството на Узбекистан. Тој го постигна единствениот погодок за својот тим во дуелот против Нефчи Фаргона (1-2).
Дориев, кој се враќа после повреда, влезе во игра во 57.минута, а успеа да погоди во финишот од натпреварот.