Аргентинецот има 35 години и дефинитивно не се гледа себеси во дресот на „гаучосите“ и на Мундијалот во 2026 година, што ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.
„Ова ќе биде моето последно Светско првенство – тоа е сигурно. Одлуката е веќе донесена“, изјавил Меси во интерјву со новинарот Поло Вињоло.
Легендарниот фудбалер ќе го има својот последен обид да дојде до трофејот на Светското првенство со што веројатно би го зацементирал своето место како најдобар фудбалер на сите времиња. Тој со својата репрезентација играше во финалето во 2014 година, но загуби од Германија.