Интер конечно славеше во Серија А, по два порази по ред, откако денеска беше подобар со 2-1 од Сасуоло, а стрелец на двата погодоци беше босанскиот напаѓач Един Џеко.

Поранешниот италијански првак стигна до водство на истекот на регуларните 45 минути во првото полувреме, кога Џеко ја затресе мрежата на Сасуоло.

Фратеси ја врати неизвесноста во второто полувреме, кога погоди за 1-1, но сепак во завршницата од дуелот погоди Џеко за победа од 2-1.

Интер со новите три бода се искачи на седмата позиција во калчолигата, додека Сасуоло остана на деветтата позиција со 12 бода.