Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри нема да може да смета на двајца исклучително важни играчи за натпреварот од второто коло во Лигата на шампионите против Челзи.
Имено, натпреварот со „сините“ ќе го пропуштат Паоло Дибала и Алваро Мората кој се повредија на неделниот натпревар со Сампдорија (3: 2)
Дибала постигна гол во 10-та минута во победата на Јувентус , но набрзо го напушти теренот поради повреда и го чека двонеделно отсуство.
Слична е ситуацијата и со Мората, а досега клубот не го објави детали за неговата повреда.
Натпреварот помеѓу Јувентус и Челзи е закажан за среда во 21 часот во Торино.