Еден од најдобрите играчи на македонската фудбалска репрезентација, Висар Муслиу има нов клуб и кариерата ќе ја продолжи во Германија.

Одличниот репрезентативен стопер и официјално ги засили редовите на Инглоштад, клуб кој се натпреварува во втората лига во Германија.

На денешната промоција, Мислиу не го криеше задоволството што кариерата ќе ја продолжи во една од најголемите фудбалски нации во светот.

„Среќен сум што потпишав за Инголштад. Чувството е посебно кога играш фудбал во Германија.  Првите впечатоци тука се позитивни. Можам да ветам дека ќе го даде максимумот од себе за да му помогнам на клубот да ги оствариме зацртаните цели“, рече Муслиу по промоцијата.

Македонскиот репрезентативец во Игнголштад пристигна од МОЛ Фехервар за 1.100.000 евра.

https://twitter.com/Schanzer/status/1483775772913504264?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1483775772913504264%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Falbanianpost.com%2Fzyrtare-visar-musliu-nenshkruan-me-fc-ingolstadt%2F