Германскиот стручњак Ралф Рангник го презеде Манчестер Јунајтед откако Оле Гунар Солскјер доби отказ, но работите не се одвиваат баш како што планираше на „Олд Трафорд“.

„Црвените ѓаволи“ не бележат најдобри резултати во последно време, поради што Рангник се најде на удар, а се шпекулираше дека германскиот стручњак би можел да добие отказ.

Сепак, англиските медиуми пренесуваат дека Рангник ќе остане на тренерската клупа до крајот на оваа сезона, а потоа треба да ја преземе улогата на спортски директор.

Неговата задача е што подобро да го уреди тимот за летото со што Манчестер Јунајтед следната сезона ќе има конкурентен тим кој ќе се бори за трофеи на сите фронтови.

Според англиските медиуми, Рангник веќе го запознал тимот доволно за да разбере кој е калибар за Манчестер Јунајтед, а наводно за неколку играчи рекол дека едноставно не се доволно добри за овој клуб.

Според Телеграф, тој им рекол на клупските челници дека Лук Шо, Арон Ван-Бисака и Хари Мегваер едноставно не се доволно добри за овој клуб и дека на лето треба да се донесат квалитетни засилувања на нивните позиции.

https://twitter.com/DeadlineDayLive/status/1483518610609946628?s=20

Јасно е дека ние во Јунајтед очекуваме големи промени во однос на играчкиот кадар на лето, а оваа тројка има уште доволно време да му покаже на Рангник дека греши и дека клубот не треба така лесно да ги отпише.