Голем чекор кон опстанок во Премиер Лига направи Њукасл, со петта победа во последните шест меча без пораз, откако со 2-1 славеше против Брајтон.
Фрејзер и Шар за две минути во периодот од 12-та до 14-та минута погодија двапати за сигурно водство на Њукасл, па Брајтон преку Данк, десет минути во вториот дел се врати во мечот, но до крајот „чавките“ успеаа да издржат за да запишат нова победа со која сега имаат 28 бода и веќе се на средина од табелата и со седум бода над зоната за испаѓање.
Астон Вила со 4-0 го распарчи Саутемптон во меч со четири различни стрелци, па Воткинс и Луис во првиот дел практично ја обезбедија победата, а Кутињо и Ингс во вториот дел само го заверија убедливиот триумф по кој бирмингемскиот гигант со 33 бода се израмни со Лестер, Брајтон и Кристал Палас на средина од табелата.
Кристал Палас со 2-0 славеше на гостувањето кај Вулверхемптон, со два експресни гола за половина час на Матета и Заха.