Екипата на Манчестер Сити ја оправда фаворитската улога и триумфира убедливо со 5-0 над Спарта Прага во третото коло во ЛШ. „Граѓаните“ ја наполнија мрежата, најпрво преку Фил Фоден уште во осмата минута, а потоа до крајот го торпедираа чешкиот ривал.

Манчестер имаше уште 3-4 солидни шанси, но до паузата остана со минимална предност. Во вторите 45 минути следуваше канонада од Сити, Џон Стоунс се запиша во листата на стрелците, а потоа двапати на сцената стапи и норвешката гол-машина Ерлинг Халанд. Особено беше убав првиот гол на Норвежанецот, кој во 58. минута погоди во стилот на легендарниот Златан Ибрахимовиќ.

 

До крајот на натпреварот Сити доби и пенал, кој прецизно го реализира Португалецот Матеус Нуњеш во 87. минута, поставувајќи ги конечните 5-0. За тимот на Пеп Гвардиола ова е втора победа сезонава.

Уште една англиска екипа, Ливерпул се избори за важен триумф во Германија кај РБ Лајпциг со 0-1 стигна до максимални девет бодови во елитното натпреварување. Стрелец на единствениот гол беше Дарвин Нуњез, кој ја затресе мрежата во 27. минута од натпреварот.

 

РБ Лајпциг во вториот дел се обиде да израмни, имаше неколку одлични шанси, но мрежите останаа во мирување. Македонецот Ељиф Елмас повторно го започна мечот од клупата, а на теренот влезе дури во 86. минута.

Атлетико Мадрид ги разочара своите фанови и забележа изненадувачки пораз од Лил на домашен терен со 1-3. Французите се изборија за херојска победа со еден гол на Едон Жегрова и уште два на Канаѓанецот Џонатан Давид.

 

Тимот на Диего Симеоне го доѓивеа вториот пораз, додека за Лил ова е втора победа над мадридските гиганти, во претходното коло го совлада славниот Реал Мадрид.