Македонскиот репрезентативец, Милан Ристовски одигра квалитетен меч за Спартак Трнава, но тоа не беше доволно за неговиот тим да дојде до позитивен резултат на гостувањето кај Ружомберок во првата лига на Словачка.
Ристовски не се запиша во листата на стрелци, ама додели две мајсторски асистенции за Буката во првото и Миковиќ во второто полувреме. Сепак домаќините беа еден чекор понапред и славеа со 3-2 што за нив е трет триумф во 9. рунда во најсилната словачка фудбалска конкуренција.
Милан во досегашниот тек на шампионатот има два погодоци и исто толку асистенции