Сите локални медиуми ги пренесоа зборовите кои ги детектираше „Спорт Клуб“ и истите предизвикаа голем револт во Босна и Херцеговина, бидејќи според првата верзија, главната ѕвезда на Словенија ги омаловажи противничките играчи и цела нација.

Оваа вест стана главна и покрај победата која ја остварија Босанците во тесната завршница, но денеска пристигна деман од Словенија и угледните медиуми од оваа земја открија што точно кажал Дончиќ.

– Да одиме во п..ку матер, да изгубиме од Босна….., – беше верзијата на „Спорт Клуб“, која не е точна според Словенците кои решија да го исчистат својот најдобар играч.

– И ние би стигнале до финале нели? Во п..ку матер, да бидеме борци. Во п..ку матер, мора да зборуваме пред да дојде до ова, – се зборовите кои ги испратил Лука според Словенците.

Инаку, Босна славеше во неизвесен и интересен меч со 97:93, па така сега двете селекции се на делба на второто место во групата Б на Евробаскетот.