Кошаркарите на Бруклин Нетс изборија пласман во НБА плеј-инот совладувајќи го Хјустон Рокетс со 118:105.
Кајри Ирвинг постигна 42 поени за Нетси, Кевин Дурент 18 поени, девет скока и седум асистенции, а Брус Браун 15 поени.
Во тимот на Хјустон најефикасни беа Кевин Портер со 36 поени и Џејлен Грин со 30 поени.
Бруклин е изедначен со Атланта (41/38), а двата тима се на натпревар од седмопласираниот Кливленд, кој загуби од Орландо со 120:115.
Меџик го предводеше Мо Бамба со 21 поен и 12 скока, додека Игнас Браздеикис додаде 20 поени. Освен него, двоцифрен ефект имаа и останатите четворица резервисти.
Јута се пласираше во плеј-офот со победата против Мемфис по продолжение 121:115, а Вашингтон беше подобар од Минесота со 132:114 и победи по петти пат во последните седум натпревари.
Џезерите со по 22 поени ги предводеа Џордан Кларксон и Руди Гобер, кој имаше и 21 скок, додека Донован Мичел постигна 20 поени.
Кај Гризлис најефикасен беше Џерен Џексон Јуниор со 28 поени, 24 постигна Тајус Џонс, а 23 Дезмонд Бејн.
Вашингтон до нов триумф го предводеше Кристапс Порзингис со 25 поени и 8 скока, 24 додаде Даниел Гафорд со 12 скока, додека Руи Хачимура постигна 21.
Одличен беше и Дени Авдија со 17 поени (7/15 од игра) со 8 скока и 5 асистенции, а дабл-дабл имаше Иш Смит со 11 поени и 14 асистенции со 8 скока.
Њу Орлеанс го победи Сакраменто со 123:109, а Оклахома го победи Портланд со 98:94 и му го нанесе осмиот последователен пораз.
Во триумфот на Пеликанс најефикасни со по 23 поени беа Си Џеј Мекалум и Џексон Хејс кои имаа и 12 скока.
Треј Марфи Трети и Девонте Греам постигнаа по 14 поени, додека Вили Хернангомес постигна дабл-дабл со по 12 поени и скокови.
Кралевите беа предводени од Демиен Џонс со 22 поени, додека Девион Мичел имаше 15 со 17 асистенции.
Најефикасен во редовите на Тандер беше Џејлен Хорд со 24 поени со 21 скок, 18 постигна Ајзе Роби, а 17 Џорџ Калаикакис.
Блејзерси ги предводеа Кион Џонсон со 18 поени, 7 асистенции и 6 скока, а Грег Браун и Бен Меклмор со по 17 поени.