Лос Анџелес Лејкерс и официјално останаа без шанса за пласман во плеј-офот во НБА лигата.

Лејкерси беа поразени од Феникс Санс со 121:110 во решавачкиот меч за пласман во плеј-офот.

Без Леброн Џејмс најефикасни во редовите на „езерџиите“ беа Расел Вестбрук со 28 поени (10/20 од игра) и Ентони Дејвис со 21 поен и 13 скока.

Остин Ривс додаде 18 поени со 6 асистенции, додека Двајт Хауард имаше десет со седум скока.

Останавме „кратки“. Вечерва бевме елиминирани. Не можам да кажам дека тоа е поради недостаток на труд. Дадовме се од себе. Момците се бореа до крај. Донесовме интегритет во процесот. Само останавме „кратки“ во неповрзана сезона“, изјави тренерот на Лејкерс, Френк Вогел.

Во тимот на Феникс најдобар беше Девин Букер со 32 поени, седум скока и четири асистенции, а Деандре Итон додаде 22 поени со 13 скока.

Санс ја завршија сезоната со рекорд во франшизата од 63 победи со 16 порази.Тоа е осум победи повеќе од второпласираниот на Западот , Мемфис Гризлис.