Кошаркарите на кавадаречки Тиквеш Голден Игл на свој терен ја совладаа екипата на Гостивар (80:75).
Одлично одиграа во втората четвртина, што беше доволна за кошаркарите на Тиквеш Голден Игл да дојдат до својот прв успешен настап во новата натпреварувачка сезона.
Уште еднаш одлична индивидуална партија прикажа Мајкл Грин, кој овојпат застана на бројката од 30.поени (но и девет асистенции и шест скокови). Секако многу е важно, и за стручниот тим на кавадарчани, одличната игра на стружанецот Коскоски, кој постигна 13 поени, а имаше и 11 скока со кои дојде до дабл-дабл и индекс на корисност 24, додека Херистон придодаде уште 10 поени.
Кај Гостивар, недостасуваше Митевски, а Роудс реализираше 20.поени, Грушановиќ имаше 18, некогашниот „кавадарчанец“, а сега стартер на Гостивар, Соколов дополни со 17 поени (пет скока и три асистенции), додека Зивчевиќ запре на 12поени (и четири скока).