Кошаркарската репрезентација на Словенија закажа пријателска средба против Србија на 17.август, што ќе се одигра во арената „Стожице“ во Љубљана.

Тоа ќе биде дуел на двете големи НБА-ѕвезди, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ, кои со своите национални тимови ќе се подготвуваат за претстојното Европско првенство. Воедно оваа пресметка ќе биде и реприза на финалето на Евробаскетот од 2017 година, кога Словенците станаа шампиони.

Билетите за натпреварот се пуштени во продажба, а цената е од 15 до 45 евра.