Тимо Вернер е на излезна врата од Челси, а во трката се вклучи Јувентус. „Старата дама“ остана без Алваро Мората и без Пауло Дибала, па апсолутно е јасно дека Јуве ќе мора дополнително да го засили нападот до крајот на летото.
Точно е дека пристигна и Анхел Ди Марија, но потребно е да пристигне уште еден напаѓач. Вернер секако одлично би се вклопил покрај Душан Влаховиќ, бидејќи тој е тимски играч и има карактеристики кои дополнително би му отвориле простор пред голот на Србинот.
Вернер сам во нападот не е најдоброто решение, но во тандем со некого игра многу поинаку.
Бидејќи Челси сака да го продаде Вернер и бидејќи Германецот е крајно незадоволен од неговиот статус кај Томас Тухел, се очекува преговорите да бидат олеснети.
Вернер пристигна во Челси летото 2020 година за 53 милиони евра, но со ефект од 23 гола и 21 асистенција не ги оправда очекувањата.
Јуве наводно почнал да го чувствува пулсот на Челси за Вернер кога Тухел го барал Де Лихт, но Холанѓанецот сакал само да оди во Баерн Минхен.