Иако доживеаа елиминација од Македонија во баражот, фудбалската репрезентација на Италија е пред повик за настап на Светското првенство во Катар, а за сето тоа да се реализира е навистина блиску, барем според последните информации од Апенините.
Причина за тоа е тоа што Еквадор во своите редови повика играч кој што нема државјанство на таа земја и немал право да настапи во еден од квалификациските натпревари па согласно тоа можна е дискфалификација на оваа јужноамеричка земја.
Италија, како најдобропласирана селекција на ФИФА ранг листата која што нема да биде дел од светскиот шампионат, се надева на повик.