Ова најавува дека можеби Полјакот во летниот преоден рок ќе си побара нов ангажман, а Баерн ќе се согласи на продажба за да не го загуби идното лето како слободен агент.
„Можам да потврдам дека никој од Баерн Минхен не ми се јавил да поразговараме за нов договор за Роберт Левандовски“, изјавил Захави за германските медиуми.
Левандовски игра за Баерн од 2014 година, кога пристигна како слободен агент од таборот на лутиот ривал Борусија Дортмунд. Тој седум сезони по ред има 40+ голови и постојано потврдува дека е еден од најдобрите светски играчи.
Чудно е што Баерн Минхен не покажува интерес за нов договор за 33-годишникот, кој сега е трансфер-цел на ПСЖ, Манчестер јунајтед, Барселона и неколку други тимови.
Своевремено Левандовски беше поврзуван со трансфер во Реал Мадрид, но сега можно е и Барселона да влезе како сериозен кандидат со оглед на блискоста на Захави и Жоан Лапорта, претседателот на Каталонците.
Ова лето ќе се знае многу повеќе, дали Левандовски ќе си замине од Баерн или ќе го доработи до крај својот договор со германскиот шампион.