Порто во големото дерби на 24 коло од португалското првенство ја прегази Бенфика победувајќи ја со 5:0 и и нанесе тежок удар во борбата за титулата.Екипата на Порто во фантастична атмосфера на стадионот Драгао дојде во водство во 20-та минутакога Галено ја закова една одбиена топка во мрежата на Бенфика за предност од 1:0, a истиот играч во 44-та минута постигна уште еден гол за предност од 2:0.

Се беше готово во 55-та минута кога извонредниот Галено сега му асистираше на Вендел, а овој со прецизен удар стрелаше за 3:0. Тимот на Бенфика во 61 минута остана и со играч помалку, бидејќи д ефанзивецот Отаменди во само девет минути заработи два жолти картони. Пепе во 75 мин. постигна маестрален гол изголеми на 4:0, a Бенфика ја дотолчи Дани Намасо во самиот финиш во 90 минута.

Бенфика сега има само бод помалку од водечкиот Спортинг koj со 3:2 беше подобар од тимот на Чавес. Порто сега има седум бодови помалку од водечкиот Спортиг Лисабон, на кого ќе му биде домаќин во дербито на 28 март.