Селекторот на Велс, Роб Пејџ вечерва го објави списокот од 26 фудбалери на кои ќе смета на Светското првенство во Катар.
Велс ќе го предводи првата ѕвезда Герет Бејл на Мундијалот на кој оваа селекција се враќа по цели 64 години. Тука е секако Арон Ремзи.
Да потсетиме, Велс е последната европска селекција која се квалификуваше за Катар, бидејќи во јунското плеј-оф финале ја елиминираше Украина.
На првенството кое започнува на 20 ноември, Велс ќе се натпреварува во групата Б заедно со Англија, Соединетите Американски Држави и Иран.
Листата вклучува:
Голмани: Вејн Хенеси (Нотингем Форест), Дени Вард (Лестер), Адам Дејвис (Стоук)
Дефанзивци: Нико Вилијамс (Нотингем Форест), Бен Дејвис (Тотенхем), Бен Кабанго (Свонси), Џо Родон (Рен), Крис Мемф (Бормут), Итан Ампаду (Шпиони), Крис Гантер (Вимблдон), Конор Робертс (Барнли) , Том Ликир (Лутон Таун)
Среден ред: Арон Ремзи (Ница), Џо Ален (Свонси), Хари Вилсон (Фулам), Џо Морел (Портсмут), Дилан Левит (Данди Јунајтед), Рубин Колвил (Кардиф), Џон Вилијамс (Свиндон Таун), Метју Смит (Милтон) , Сораба Томас (Хадерсфилд)
Напад: Герет Бејл (Лос Анџелес), Ден Џејмс (Фулам), Кифер Мур (Бурмут), Марк Харис (Кардиф) и Бренан Џонсон (Нотингем Форест).