Легендарниот камерунски фудбалер Самуел Ето даде прилично оптимистичка прогноза за Светското првенство дека во финалето ќе играат Камерун и Мароко.
Камерун игра во група со Бразил, Швајцарија и Србија и донекаде е аутсајдер.
Сепак, Ето смета дека поминувањето низ групата нема да биде проблем, па дури ни освојувањето на Светското првенство.
Мароко ќе ја исфрли Шпанија во осминафиналето, потоа Португалија и Франција во полуфиналето. Што се однесува до нас, ќе бидеме подобри од Белгија во четвртфиналето и од Сенегал во полуфиналето“, изјави Ето.
Африканските селекции успеаја да стигнат до четвртфиналето само во три наврати – Камерун во 1990 година, Сенегал во 2002 година и Гана во 2010 година.
„Африка отсекогаш имала потенцијал да се претстави добро на завршниот турнир, но досега не секогаш сме покажале се што знаеме. Со текот на времето стекнавме повеќе искуство, па верувам дека тие нема да бидат само учесници, туку и капацитет да го освоиме трофејот“, истакна тој.
И додаде:
„Ние сме способни да го освоиме Светското првенство. Не ви требаат чудовишта или вонземјани за да го направите тоа, туку добра подготовка, ментална цврстина и лудило на теренот. Исто како Интер 2010 година“.
Камерун го игра првиот натпревар против Швајцарија.