По три години во гигантот во Торино, португалската sвезда се врати во Манчестер Јунајтед, каде игра многу добро.
Јувентус многу се мачеше по заминувањето на Кристијано, но „Старата дама“ изгледа подобро и почнаа да редат победи во првенството и Лигата на шампионите.
Капитенот на Џорџо Кјелини, смета дека Кристијано требало да си замине порано, бидејќи тоа ќе беше многу подобро за тимот.
-Роналдо си замина на 28 август, но ќе беше многу подобро за нас ако заминеше порано. Бевме шокирани од неговото заминување, а ако го направеше тоа порано, ќе имавме повеќе време да се подготвиме за сезоната , искрен е Кјелини.
Кристијано Роналдо одигра 134 натпревари за гигантот во Торино и постигна 101 гол.